АМС ја објави листата со номинирани спортисти и федерации

Во прв план се категориите спортист и спортистка на годината каде има по петмина номинирани кои ја одбележаа оваа година.

Во машка конкуренција се пливачот Евгениј Поп Ацев (шампион во генералниот пласман во ГИНА Гран при серијата), автомобилистот Игор Стефановски Иџе (европски првак во авто трки на ридски патеки), каратистот Мартин Несторовски (освојувач на бронзен медал на Европските игри во Баку и ЕП во Истанбул), кик-боксерот Димитар Ѓорѓиев (светски шампион од СП во Белград) и натпреварувачот во традиционално карате Дејан Недев (светски првак од СП во Копер).

Во женска конкуренција, за престижното признание ќе конкурираат: пливачката Анастасија Бодановски (деветкратен државен првак со Б-норма за ЛОИ), фудбалерката Наташа Андонова (четвртфиналист со Розенгард во женската Лига на шампиони), кик-боксерката Стефани Тодорова (третопласирана на СП во Белград), каратистката Наташа Стефановски (седма на ЕП во Истанбул) и тенисерката Лина Ѓорческа (освојувачка на три ИТФ турнири).

Манифестацијата Спортист на годината ќе се одржи утре од 19 часот во Македонскиот народен театар во Скопје.

Спортист на годината:

Евгениј Поп Ацев пливање
Игор Стефановски автомобилизам
Мартин Несторовски карате
Димитар Ѓорѓиев кик бокс
Дејан Недев традиционално ларате

Спортистка на годината:

Анастасија Богдановски пливање
Наташа Андонова фудбал
Стефани Тодорова кик бокс
Наташа Стефановска карате
Лина Ѓорческа тенис

Млад спортист на годината:

Филип Талевски ракомет
Давид Бабунски фудбал
Елмедин Сејфулау борење
Бобан Илиоски кик бокс
Фери Исиќ карате

Млада спортистка на годината:

Сара Ристовска ракомет
Теа Митрова кошарка
Берна Шерифоска џудо
Вероника Костовска карате
Марија Божиновска кик бокс

Најуспешен спортист на лица со инвалидитет:

Андреј Стојановски пливање
Оливера Наковска-Бикова стрелаштво
Ванчо Каранфилов стрелаштво

Најуспешен селектор:

Ивица Обрван ракомет
Жарко Ристовски одбојка
Марјан Соколовска пливање
Дејан Митровски кик бокс
Пеце Белистојановски карате

Најуспешен машки национален тим:

Ракометна репрезентација
Одбојкарска репрезентација
Фудбалска репрезентација У-21

Најуспешен женски национален тим:

Ракометна младинска репрезентација
Кошаркарска кадетска репрезентација
Карате – ката тим

Најуспешна репрезентација:

Ракометна федерација на Македонија
Карате федерација на Македонија
Македонска кошаркарска федерација
Кик-бокс федерација на Македонија
Одбојкарска федерација на Македонија