Урнат митот: Еве зошто е подобро првото дете да се роди во триесетите

Урнат митот: Еве зошто е подобро првото дете да се роди во триесетите
Урнат митот: Еве зошто е подобро првото дете да се роди во триесетите

Жените кои првпат родиле помеѓу 25.и 35.година, по четириесетите во просек биле поздрави од оние кои првото дете го добиле во тинејџерските години, односно помеѓу 15. и 19. или во раната младост помеѓу 20. и 24. година од животот, тврдат американските научници, според истражувње кое го спровеле на 3.500 лица.

Сите учеснички во истражувањето родиле на возраст помеѓу 15. и 35. година од животот, а прашалник за здравствената состојба пополнувале на секоја втора година, во периодот помеѓу 1979. и 2008. година.

Заклучено е дека здравствената состојба на оние жени кои првото дете го родиле на возраст помеѓу 25. и 35. е подобра.

Според истото истражување, здравјето на оние жени кои по првото мајчинство биле во брак, се покажало како поквалитетно во нивната средна доба, што не важи за самохраните мајки.