Молотов коктел фрлен во тетовско кафуле

Молотов коктел фрлен во тетовско кафуле
Молотов коктел фрлен во тетовско кафуле
Познатото кафуле „Баркод“ во Тетово утринава било мета на напаѓачи.

Како што информираат од полицијата, околу 4 часот кон кафулето бил фрлен молотов коктел кој завршил во излогот, па потоа паднал на бекатонска подлога.

За среќа во инцидентот нема повредени лица, а истиот бил изгаснат од случаен минувач.

Според првичните информации причинета е мала материјална штета, а екипи од СВР Тетово во координација со Јавен обвинител работат на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот или сторителите.