Избран спортистот на годината

Избран спортистот на годината
Избран спортистот на годината

Градоначалникот на Град Скопје,  Коце Трајановски, советниците во Советот на Град Скопје, членови на Комисијата за спорт и млади, денеска  им доделија признанија на најдобрите спортисти, тренер и екипа  на Град Скопје за 2015 година.

Овие средби со Вас спортистите ми претставуваат вистинско задоволство, особено на вакви настани на кои ги одбележуваме Вашите врвни резултати постигнати на домашни и странски натпревари. Како градоначалник можам да Ви ветам дека и во иднина финансиски ќе ги поддржуваме Вашите спортски подвизи.  Градот Скопје  во изминатите години ги подобри условите во средните училишта и ги реновираше спортските сали во кои вежбаат средношколците и сметам дека оваа пракса претставува добар поттик учениците да се занимаваат со спорт. Со формирање на средношколските лиги, училишниот спорт во Скопје е на многу повисоко ниво отколку во минатото, а организирањето на пријателски натпревари и гостувањата на нашите средношколци во Љубљана, Загреб, Белград, Софија, Ниш и  Истанбул се можност учениците од средните училишта да се запознаат и да  дружат со своите врсници од овие градови. Планираме 2016 година  Градот  Скопје да биде домаќин на средношколците од државите во коишто претходно гостувавме и се надевам дека и овде нашите средношколци ќе остварат добри резултати како и на гостувањата. Ви ги честитам наградите и Вам и на Вашите најблиски Ви  пожелувам среќни празници, изјави  градоначалникот Трајановски на доделувањето на наградите.

Денеска на свеченоста по повод прогласувањето на најуспешните во изминатата година, беа избрани 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби. 

Спортист на годината-2015 (1)

Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија се:

  1. Игор Стефановски – Иџе – Автомобилистички картинг клуб Проспорт,

Европски шампион во автомобилизам на ридски патеки каде од 12 утврдени трки на FIA, победи на 9 трки, од кои на 8 оствари рекорди на патеките, потврдувајќи ја европската титула од 2014 година.

Во Македонија е Шампион во својата класа последните 10 години

  1. Мартин Несторовски – Карате клуб Металург

3 место во карате – борби +84кг на Европско Првенство за сениори во Истанбул, Турција и

3 место во карате – борби +84кг на Првите Европски Игри во Баку, Азербејџан 

  1. Евгениј Поп Ацев – Пливачки клуб Студент

Шампион во генерален пласман во маратонско пливање на FINA Гран При Серија  и победник на “Охридски маратон 2015“

  1. Ненад Манојловски – Кик боксинг клуб Шампион

1 место во “Кик Лајт“ – татами 69 кг на Светско Првенство во Белград,  Србија (21.10. – 01.11.2015) и на истото прогласен за најдобар борец на татами 

  1. Стојанче Стоилов – Ракометен клуб Вардар

Учесник во Лигата на Шампиони и со својот клуб влезе во осумте најдобри Европски клубови, а оваа сезона 2015/2016 во Лигата на Шампионите со можност да влезе во најдобрите четири клубови во Европа и да настапи на FINAL FOUR турнирот во Келн, Германија

  1. Баже Илијоски – Фудбалски клуб Работнички

Учесник во Лига Европа на UEFA и стигнува во четврто коло, чекор пред пласман во групната фаза, со својот клуб го освојува купот на Македонија за сезоната 2014/2015, член е на сениорската репрезентација на Македонија,  најдобар стрелец оваа сезона во есенскот дел во првенството на Македонија.

  1. Јасин Реџелари – Боречки клуб Лирија 2010, 8 место  на Првите Европски Игри во Баку, Азербејџан
  1. Стефани Тодорова – Кик боксинг клуб Фајт Тим,
  2. 3 место во “Кик Лајт“ – татами 65 кг на Светско Првенство во Белград,  Србија

 

  1. Бобан Грнчаров – Фудбалски клуб Вардар

Учесник со ФК Вардар оваа сезона во Лигата на Шампиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезоната 2014/2015 година и го освојува Супер купот на Македонија за 2015 година

  1. Наташа Стефановска – Карате клуб Макпетрол

7 место поединечно и 5 место екипно – борби на Европско сениорско првенство во Истанбул, Турција

Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија  се: 

  1. Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол,

2 место на Европско првенство за кадети и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија 

  1. Сара Ристовска – ЖРК Вардар 3 место на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта во Лига на Шампиони 2014/2015, капитен на младинска репрезентација на Македонија и член на сениорска репрезентација на Македонија
  1. Моника Пендароска – Карате Клуб Макпетрол

3 место на Европско првенство за кадети и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија

  1. Елмедин Сејфулау – Боречки клуб Лирија 2010

5 место на Европско Првенство за кадети во Суботица,Србија и

7 место на Европско Првенство за јуниори во Истанбул, Турција

 Бобан Илиоски Кик боксинг клуб Шампион

2 место во “Лоу Кик“ на Европско јуниорско кадетско првенство во Сан Себастијан, Шпанија

Најуспешен тренер за 2015 е Мирче Јанушевски – Карате Клуб Металург

Тренер на каратистот Мартин Несторовски со кој освојува 3 место во карате – борби +84кг на Европско Првенство за сениори во Истанбул, Турција и 3 место на Првите Европски Игри во Баку, Азербејџан

Најуспешна спортска екипа од Скопје е Женски Ракометен клуб Вардар

Победник на националниот КУП и Шампион на Македонија две сезони по ред, ракометарките се учеснички на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта и два пати по ред се трети во Европа

Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје

  1. Арпад Штербик – Ракометен клуб Вардар
  2. Еден од најдобрите светски голмани, со најмногу одбрани на сите натпревари на РК Вардар во Лигата на Шампионите, и скоро секогаш е избран од страна на EHF за во првите пет најдобри голмански одбрани. Со неговите настапи РК Вардар е заслужено меѓу најдобрите осум европски ракометни клубови.

Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби

  1. Марио Мицковски – Здружение “Специјална Олимпијада Македонија“

1 место на 25 метри и

2 место на 50 метри во пливање слободен стил на Светски Летни Олимписки Игри во Лос Анѓелес, САД