Еве како кралското семејство ќе го прослави Божик

Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, принцот Џорџ и принцезата Шарлот со насмевка на лицето го најавија почетокот на најубавите зимски денови – празниците!

Во празничен дух, со насмевка и сјаен поглед, членовите на младото британско кралско семејство ги поздравија своите обожаватели.

-Среќен Божик од војводата и војвотката од Кембриџ, од принцот Џорџ и принцезата Шарлот, пишува во пораката на која веќе со воодушевување реагираа повеќе од 60 илјади луѓе за само четири часа.

Фотографијата е направена во октомври 2015. година од страна на фотографот Крис Џелф.

Принцезата Шарлот на сликата го носи истото фустанче како и на портретот кој нејзината мајка неодамна го објави. Принцот Џорџ изгледа преслатко во сини панталончиња и џемперче, а како што вели принцот Вилијам, сигурно нема деновиве да се смири, бидејќи открил што се носи Божик.

princ

Младиот пар најверојатно нема да присуствува на традиционалниот кралски божикен ручек, бидејќи планираат да приредат празнина веселба во својот дом.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.