четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Молкот на Жерновски не го „пере“ Богдановиќ

Жерновски се обиде да го “извади од каша“ Богдановиќ, но со вакво избегнување на одговорите тие на јавноста и дадоа до знаење дека за своето расипништво не сакаат да полагаат сметка иако се должни да го направат тоа.

Молкот на Жерновски не го „пере“ Богдановиќ

Молкот на Жерновски не го „пере“ Богдановиќ

Поврзани вести

Пред 8 дена советниците на ВМРО-ДПМНЕ испратија до градоначалникот на општина Центар барање за пристап до информации од јавен карактер. Бидејќи градоначалникот не одговорил, ова прашање денес му беше поставено на седницата наменета за советнички прашања, пишува „Курир“.

Дури и кога после 9 месеци се појави на советнички прашања, градоначалникот на Центар немаше одговор на прашањата кои граѓаните преку избраниците му ги поставуваат.

tomislav-lazarov-centar

Тој избегна одговор на ова прашање тврдејќи дека до него нема стигнато никакво барање, што не може да биде вистина со оглед на фактот дека барањето потпишано од советниците на ВМРО-ДПМНЕ е адресирано токму до него, а не до службите.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, на денешната седница на совет побара одговор од Жерновски бидејќи Богдановиќ, иако поканет, не се појави во бараките на општината.

baranje-sovetnici-zernovski

Според информациите кои веќе беа објавени, Саша Богдановиќ кој е лидер на младината на СДСМ во Центар, како директор на ПОЦ себеси се наградил со плата од 2000 евра, а на својот заменик му исплатил само 500 евра помалку, односно 1500 евра.

Јавноста ни денес не доби одговор за примањата на најскапо платениот директор. Жерновски се обиде да го “извади од каша“ Богдановиќ, но со вакво избегнување на одговорите тие на јавноста и дадоа до знаење дека за своето расипништво не сакаат да полагаат сметка иако се должни да го направат тоа.

Ова не беше единствениот момент на денешната седница кога Жерновски во обид да го спаси Богдановиќ, одби да одговори на многу важни прашања.

Имено, советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Петковска имаше прашање до директорот на ПОЦ, но во негово отсуство прашањето му го постави на градоначалникот. Нејзиното барање беше поврзано со тема која е премногу актуелна деновиве, па изјавата на Жерновски дека не е запознаен, не држат вода.

elena-petkovska-sovetnik

Советничката на градоначалникот му покажа и фотографии од осомничениот во големата афера чија сопруга работи во ПОЦ, но тој сепак тврдеше дека нема никакви информации за случајот.

bekiri-fb3

Вршејќи криминал и нелегални активности во име на СДСМ, Зехир Бекири очигледно во тесна врска со опозициски функционери, издејствувал работно место за својата сопруга во ПОЦ.

Бекири кој е дел од структуруте на СДСМ имал за цел да креира лажни афери со цел намалување на рејтингот на функционерите на владејачката партија.

Во неговата фабрика се фалсификувале афери, но и бугарски пасоши, како и швајцарски сметки..

Првоосомничениот Бекири викан Чауш редовно се појавувал на партиските состаноци на опозицијата.

Како што објавија повеќе медиуми, сопругата на Захир Бекири е вработена во Паркинзи општина Центар каде директор е претседателот на општинскиот огранок на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ.

Ова претпријатие од кога беше превземено од страна на СДСМ се претвори во приватна фирма за згрижување на нивни партиски кадри. Вработената на Саша Богдановиќ зема пари од џебот на граѓаните на општина Центар, додека нејзиниот сопруг прави тежок криминал за целите на својата партија.

Жерновски и покрај овие факти изјави дека не знае за кои луѓе станува збор и дека ако прашањето е наменето за друг, тој ќе го проследи истото.

Најчитани вести