Експлозија на аеродром во Истанбул, повредени две лица

Две лица се повредени во експлозија која избувна на истанбулскиот аеродром „ Сабиха Ѓокчен “, во зоната каде се паркираат авионите.

Повредените во моментот го чистеле аеродромот.

Експлозијата се случила во 2.05 часот синоќа по локално време, кога во зоната немало патници.

Работата на аеродромот продолжила нормално.

Аеродромот „ Сабиха Ѓокчен “ се наоѓа во азискиот дел на Истанбул.