Грција: Се удавија 13 бегалци, од кои седум деца

Најмалку 13 лица се удавија утрово, меѓу кои седум деца, кога чамецот во кој се наоѓале 25 бегалци потона во источниот дел на Егејското Море..

Крајбрежната стража соопшти дека 13 луѓе се спасени, а дека две лица се водат како исчезнати.

Се претпоставува дека бегалците тргнале од Турција.

Несреќата се случила во раните утрински часови кај малиот грчки остров Фармакониси.