петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Стартува проширувањето на булеварот Србија со нов кружен тек (ВИДЕО)

Офицјалниот старт на градежните активности е закажан за денеска во 13 часот.

Стартува проширувањто на булеварот Србија со нов кружен тек

Стартува проширувањто на булеварот Србија со нов кружен тек

Поврзани вести

Град Скопје го започна проектот за проширување и реконструкција на булеварот Србија од кружниот тек кај цементарницата „Усје” до улицата Христо Татарчев со изведба на нова кружна крстосница. Ова дененеска го објави на својот фејсбук профил, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајновски.

Офицјалниот старт на градежните активности е закажан за денеска во 13 часот.
Новиот кружен тек во Кисела Вода е еден од петте кои градската власт најави дека ќе ги реализира.

Булеварот Србија ќе се реконструира и проширува на потег со вкупна должина од 868 метри, каде што ќе се оформат четири сообраќајни летни со широчина од 3,5. Новата траса од десната страна ќе има странично зеленило со ширина од 1,5 метри и пешачко-велосипедска патека со ширина од 3 метри, додека од левата страна ќе има пешачка и велосипедска патека со променлива ширина. Новиот булевар ќе има средишно зеленило со ширина од два метри.
Кружниот тек ќе се изгради меѓу бул. Србија, ул. Христо Татарчев и ул.Христо Татарчев крак 2, со дијаметар од 36 метри.

Трајановски на својот ФБ профил постираше и видео приказ како ќе изгледа продолжувањео на булеварот Србија до улицата Христо Татарчев.

Најчитани вести