Еве како вашата шминка да трае подолго

Полека ги одбројуваме деновите до крајот на оваа година и почетокот на наовата, а воедно се подготвуваме за журката за време на празничните ноќи. Важно е цело време да изгледаме беспрекорно и нашата шминка да преживее во текот на целата ноќ. Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат вашата шминка да биде подолготрајна.

Прајмер за лице

Пред да нанесете било каква шминка на лицето треба добро да го подготвите лицето. Хидратантната крема и прајмерот за лице ќе помогне вашата шминка да стои и до 12 часа.

Прајмер за очи

Никој не сака сенката да му се размачка под очите и да направи темни кругови, па затоа пред нанесувањето на сенката секогаш ставете прајмер специјализиран за тоа подрачје.

Кармин

Наместо кремаст и сјаен кармин, одлучете се за мат варијанта. Иако донекаде е сув, овој кармин ќе стои на вашите усни подолго.

Маскара

Треба да одберете водоотпорна маскара која воедно е отпорна и на пот. Исто така моливчето за очи дополнително зацврстете го со сенка во слична нијанса.