НБА: Брајант “блесна” и на Лејкерси им донесе победа

Брајант со 31 поен го израмни рекордот на сезоната во победата на Лејкерси во Денвер со 111:107, а Колдвел-Поуп на 55 секунди до крајот, ги постигна последните поени во победата на Детроит над Мајами од 93:92.

Откако пропушти натпревар поради проблеми со рамето, Брајант се врати на терен со 31 поен, три скока и пет асистенции.

Денвер во првото полувреме водеше со 21 поен разлика, но не успеа да ја зачува предноста без Хиксон, Галинари, Чендлер… Кај Денвер најефикасен беше Вил Бартон со 25 поени.

Лејкерси сега имаат скор од 5-23, а Денвер е на 11-17.

НБА резултати:

Денвер – ЛА Лејкерс 107:111
Мајами – Детроит 92:93
Торонто – Далас 103:99
Филаделфија – Мемфис 90:104

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.