Балкан

„Ефералган“ се повлекува од српските аптеки, поради пластика во сирупот

„Ефералган“ се повлекува од српските аптеки, поради пластика во сирупот
„Ефералган“ се повлекува од српските аптеки, поради пластика во сирупот

Поедини серии на лекот „Ефералган“, превентивно се повлекуваат од продажба од аптеките во Србија, поради сомнеж дека честици од пластика од пакувањето се пренесени во сирупот, објавија српските медиуми.

Полиуретан е вид на пластика која ако се внесе кај доенчиња и мали деца, може да предизвика механичка иритација, но нема да влијат на организмот, вели Павле Желиќ, претставник на Агенцијата за лекови во Србија, објави ТВ „Пинк“.

Тој вели дека лекот „Ефералган“ превентивно се повлекува од  пазатот на Србија, откако производителот „Bristol-Myers Squibb“ од Франција соопштил дека постои сомнеж честици на полиуретан (вид на пластика) да се пренесени од пакувањето во сирупот.

Сериите на лекови кои се повлекуваат од српскиот пазар се P1447, P2581, P4737, P6077, P8419, P9468, R1794, R1767, R2228, R2686, R3180. Лековите имаат рок на употреба заклучно до октомври 2018. година. Станува збор за „Ефералган“  од 90 милилитри, јачина од 30mg/ml.