четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 52

МОК обезбеди финансиски средства за машката ракометна репрезентација

Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски обезбеди 60.000 долари за најдобрите македонски ракометари, за што подобри подготовки за ЕП во Полска, настан на кој може да се избори учество во квалификациите или пак директно на Олимписките игри кои во 2016 година ќе се одржат во Рио.

MOK

Поврзани вести

Од МОК соопштија дека финансиските средства се веќе на сметка на РФМ и дека веруваат дека нашите најдобри ракометари во 2016 година ќе го дадат своето најдобро и ќе го реализират сопствениот, а и сонот на сите граѓани на Македонија.

Во исто време, МОК доби и покана од организациониот комитет како и од Полскиот олимписки комитет да биде нивен гостин за време на ЕП во Полска, која МОК со големо задоволство ја прифати.

За нашата репрезентација да се пласира на Олимписките игри потребно е нов европски шампион, во Полска, да стане една од репрезентациите која на СП во Катар, минатиот јануари, се пласира од пред Македонија (Франција, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска, Германија, Словенија) и со тоа да ја отстапи својата пропосница за деветтопласираната Македонија.

Исто така, Македонија пројави интерес да организира квалификациски турнир, иако сѐ уште нема резервирано место за таму.

Најчитани вести