петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Агенцијата за пошти бара зголемување на лимитот за бесцарински увоз на онлајн пратки

Плановите за подигнување на лимитот до 150 евра ги прават Министерството за финансии и Царинската управа. Ние само поднесовме иницијатива со оглед на тоа дека сме загрижени за развојот на поштенскиот пазар којшто се базира токму на доставата на пакети и пратки, рече директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасовски

Агенцијата за пошти бара зголемување на лимитот за бесцарински увоз на онлајн пратки

Агенцијата за пошти бара зголемување на лимитот за бесцарински увоз на онлајн пратки

Последни вести

Сѐ помалку граѓани праќаат писма и пакети по пошта. 29 оператори во Mакедонија вршат поштенски услуги и во секторот работат само половина процент од вкупниот број на вработени во земјава.

Агенцијата за пошти бара да се зголеми лимитот за бесцарински увоз на пратки за лична употреба кои граѓаните ги порачуваат онлајн, а им се доставуваат преку поштенскиот сообраќај.

Граѓаните ќе имаат можност по поштенски пат да купуваат стоки за лична употреба за кои нема да плаќаат царински давачки при увоз. Споредено со патничкиот сообраќај, во кој е дозволено да се внесуваат стоки до 350 евра без да се платат царински давачки, во моментот ако тоа граѓаните го направат по поштенски пат и порачуваат преку интернет имаат право да не платат царинска давачка само ако стоката е во вредност до 45 евра, изјави директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасовски, по денешната јавна седница на Агенцијата.

Тој се надева дека во 2016 година ќе биде донесена ваква одлука од страна на Министерството за финансии и Царинската управа.

Плановите за подигнување на лимитот до 150 евра ги прават Министерството за финансии и Царинската управа. Ние само поднесовме иницијатива со оглед на тоа дека сме загрижени за развојот на поштенскиот пазар којшто се базира токму на доставата на пакети и пратки, рече Атанасовски.

Подигнувањето на лимитот, како што тврди Атанасовски, нема да значи и зголемување на цената на поштенските услуги.

Цените на услугите во делот на универзална поштенска услуга каде влегуваат пакетите со тежина од два килограми ги регулира Агенцијата за пошти така што „Македонска пошта” не може да ги промени цените без согласност на Агенцијата. Од тој аспект ви гарантирам дека измената на одредбата за зголемување на лимитот ќе влијае на обемот, но не и на цената на поштенските услуги, нагласи Атанасовски.

Најчитани вести