Браќа од Ранковце десет дена силувале девојка

Браќа од село Герман, општина Ранковце повеќе од десет дена држеле во заложништво дваесет и петгодишна девојка која ја ограбиле и силувале.

Тие жителката на селото Нерав ја држеле во нивната семејна куќа.

Притоа и ја ограничиле слободата на движење, со закани вршеле полови дејствија, а од неа украле 500 евра, мобилен телефон, златно ланче, па и забраниле да комуницира со нејзините малолетни деца и невенчаниот сопруг. Судија на претходна постапка денеска на двајцата браќа им одредил притвор во траење од 30 дена.