Еднократна помош од 5.000 денари за секое новороденче во општина Ѓорче Петров

Еднократна помош од 5.000 денари за секое новороденче во општина Ѓорче Петров
Еднократна помош од 5.000 денари за секое новороденче во општина Ѓорче Петров
Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница донесе одлука за доделување еднократна парична помош во висина од 5.000 денари за секое новороденче во општината. Одлуката стапува на сила од 2016 година.

Овој состав на Советот првпат од постоењето на Општината како локална самоуправа носи ваква одлука.

По повод претстојните празници, 51 социјално загрозено семејство ќе добие парична помош од по 3.000 денари.

На седницата, како што соопшти Општината, поднесена е и иницијатива за изградба на пет улични вежбални во Хром, Дексион, Ѓорче Петров, Ново Село и Волково.