Русија: Турција призна дека планирала да го урне рускиот „Сухој“

Портпаролот на руското Министерство за одбрана нагласи дека турските медиуми веќе ја објавиле изјавата на владин претставник каде имало точен број на полети на руското воздухопловтсво во Сирија.

Изјавата на турски владин претставник за бројот на полети на руската авијација во Сирија може да се смета за „официјално признание“ дека била планирана операцијата за уништување на рускиот авион Су-24, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесува МИА.

Тој наведе дека турските медиуми го цитираа вицепремиерот на Турција, Нуман Куртулмуш кој изнесе точни податоци за бројот на полети на руската воена авијација во Сирија.

– На тој начин Анкара демонстрира дека добива податоци. Информациите ги доставуваат руските сили на САД, истакна Конашенков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.