Осуммина мигранти, од кои шест деца се удавија во Егејско море

Брод со мигранти се преврте утрово во Егејското море, при што животот го загубија осуммина мигранти, меѓу кои шест деца.

Бродот се превртел кај западниот брег на Турција, а бил на пат за грчкиот остров Лезбос.

Лошото време била причина претоварениот мал брод, што отпловил од турскиот град Бадемла, да се преврти во немирото море, посочуваат турските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.