Динамо Загреб со страшен потег: Нема да го раскине договорот со Адеми

Динамо Загреб му дава голема поддршка на Адеми во најтешките моменти за македонскиот репрезентативец.

И покрај супензијата од четири години, хрватскиот клуб ќе го испочитува договорот со Адеми, ќе му дава редовна плата без разлика на тоа што нема да игра.

Рековме дека ќе застанеме зад Адеми и ќе направиме се што можеме за него во овие тешки моменти. Нема да го раскинеме договорот со него без разлика на тоа каков ќе биде одговорот по жалбата, изјави директорот на Динамо Загреб, Томислав Светина.

Аријан Адеми има четири и пол годишен договор со Динамо Загреб.