Ограбена продавница во Петровец

Непознато машко лице маскирано и вооружено со пиштол вчера во 20:40 часот извршило разбојништв во продавницата „Нивел“ во скопскиото село Петровец.

Како што информира МВР, сторителот ја внел вработената во една од канцелариите и ја заклучил, по што го одзел дневниот промет од касата и побегнал.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.