петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 37

РСБСП: Новогодишно дружење со децата од Детската клиника

Претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, истакна дека РСБСП во изминатиот период релаизираше кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, во која главното мото беше „Детската љубов нема граници – детскиот живот нема цена”.

РСБСП: Новогодишно дружење со децата од Детската клиника

РСБСП: Новогодишно дружење со децата од Детската клиника

Поврзани вести

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во соработка со Фудбалскиот клуб Вардар и Хотелот Русија, денес заедно со омилените детски ликови од цртаните серии Маша и Медвед, се дружеа со дечињата кои се лекуваат на Детската Клиника во Скопје,  и им поделија пакетчиња, дресови и едукативен материјал за безбедно учество на најмладите во сообраќајот.

Претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, истакна дека РСБСП во изминатиот период релаизираше кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, во која главното мото беше „Детската љубов нема граници – детскиот живот нема цена”.

Во тој дух денес сме тука да ги посетиме децата на Детската клиника и да им посакаме што побрзо оздравување и враќање дома меѓу своите најблиски. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот  на патиштата ќе продолжи континуирано да работи во насока на  градење на повисоки општествени вредности, односно  подигање на јавната свест  за одговорно учество во сообраќајот. Напорно ќе работи и на подигање на свеста за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, а воедно посакуваме во наредната 2016 година бројот на сообраќајни незгоди во кои страдаат деца да  се сведе на нула. Искрено посакуваме Детската клиника да има повеќе време и простор за поголеми научни достигнување, а помалку пациенти, посочи Стаменовски.

2

Виолета Ангелковска, Директор на Хотел Русија  истакна дека како општествено одговорна корпорација и претставува задоволство што денес дадоа свој придонес и  за момент ги изнудија детските насмевки.  Самоил Симев, Директор на ФК Вардар,  истакна дека ФК Вардар секогаш ги промовира позитивните човечки вредности,  а токму денес се дружевме со дечињата од Детската клиника им посакавме брзо да оздрават и еден ден да станат успешни фудбалери и спортисти.

3

Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, истакна дека и покрај редовните обврски кои ги имаат, денес за клиниката е весел ден, а благодарение на денешната акција, децата имаа можност да се дружат со нивните омилени јунаци, Маша и Медвед и од нив да добијат соодветни подароци и едукативни материјали.

 

Најчитани вести