Шумахер може самостојно да дише, но не може да се движи

Според овој извор, поранешниот светски првак во Формула 1 може самостојно да дише и ги отвора очите, па создава впечаток дека ја разбира околината и знае за што се зборува.

За жал, тој уште не може да се движи. За здравствената состојба на Шумахер е загрижен и неговиот поранешен менаџер Вили Вебер.

Мислам дека е алармантно што досега не слушнавме ништо од неговото семејство, а помина долго време. Ако имаше подобрување, тоа сигурно ќе го поделеа со нас. Михаел никогаш не бегаше од јавноста, изјави Вебер.

Шумахер се повреди на 29 декември 2013 година на скијање во Франција. Информациите на таблоидот Бунте истиот ден ги демантираше и неговата портпаролка Сабине Кем.