Нови 3.415 потврди на странски државјани

Издадени нНе се издадени нови потврди за барање азилови 293 потврди за азил
Не се издадени нови потврди за барање азил

Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 3.415 странски државјани, од кои 1.306 се од машки пол, 718 се од женски, 1.379се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 12деца кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.624,Ирак 1.049и Авганистан 742 .  

Во периодот од 19.06.2015 до 24.12.2015 година до 24 часот, издадени се потврди на вкупно 366.002 странски државјани, од кои 199.864се од машки пол, 61.182 се од женски, 86.903 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.053 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 205.991, потоа Авганистан 90.174, Ирак 48.396, Иран 6.231, Пакистан 5.416, од Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514,  Алжир 453,Либан 434,  Нигерија 279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 24.12.2015 до Секторот  за азил не е поднесено    барањеза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 24.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.