ЈП „Македонски шуми“ oбјави повик за набавка на дрва

на склад и во наредната сезона остануваат исти како и годинава, односно 2,370 денари за бука и 2.450 денари за даб. За наредната година прланираме и зголемување за околу 20 отсто на производството на дрво, рече Караџоски.

Нагласи дека годинава имало поголема побарувачка на огревно дрво од лани и додаде дека ЈП „Македонски шуми“ произвела и продала 500.000 метри кубни или 80.000 метри кубни повеќе од лани. За 2016 година најави дека се планира производство на 600.000 метри кубни дрво. Таа, количина, како што посочи, би требало да ги задоволи потребите, имајќи во предвид дека според податоците на Државниот завод за статиситка Македонија троши околу 800.000 метри кубни.

– Ако се има предвид дека планираме производство на 600.000 метри кубни дрво, 250.000 метри кубни има производство од приватните шуми, 60 до 70.000 метри кубни годинава беа увезени, а околу 50.000 метри кубни продадоа националните паркови излегува дека за следната година се предвидува речиси еден милион кубни метри дрва што е доволно за нашиот пазар, рече Караџоски.

Посочи дека јавното претпријатие од годинава располага со 312 сопствени секачи и дотурачи пради што, како што рече, може полесно да го планира производството.

– Годинава само 63 отсто од производството е направено со надворешни секачи и доставувачи преку тендери, а остатокот е со сопствено учество. Во 2016 година очекуваме сопственото учество да биде од 35 до 40 отсто, а планираме и набавка на камиони за дистрибуција на дрва, бидејќи во 2015 година имавме доволно произведена маса но имавме проблем со транспортот, рече Караџоски.

Истакна дека Македонски шуми ги испорача сите количини што ги имаше договорено за годинава и за сите уплати, но потенцира дека се уште примаат уплати. Дрвата, како што рече, ги дистрибуираат по исплатата на сите рати или согласно објективните услови што ги имаат за плаќање во готово.

– Производството на дрво трае преку целата година и не може да се очекува да биде испорачано до 15 октомври кога официјално почнува грејната сезона. Има луѓе што не набавиле доволно, па бараат повторно да го направат тоа или, пак, некои што навреме не уплатиле и слично. Годинава, пред се поради неповолните временски прилики во мај, имавме задоцнување од два до три месеца со дистрибуцијата на огревно дрво, но тоа беше до средината на ноември. Оттогаш продажбата и дистрибуцијата течат вообичаено, рече Караџоски, нагласувајќи дека мали проблеми направиле и измените на Законот за шуми поради кои морале да се менуваат чеканите за жигосување за што било неопходно објавување на тендери.

Токму заради избегнување на ситуацијата од годинава, потенцира, се одлучивме да го промениме