ВМРО-ДПМНЕ: Филозофија на СДСМ – Нема борјки, нема загадување

СДСМ кога има можност да направи нешто за загадувањето го игнорира проблемот, како да не постои загадување. Кога не ги гледаш бројките, исто како да нема загадување – тоа е философијата на СДСМ. Тоа е се што СДСМ направил за загадувањето. Мижел, молчел и се молел да помине, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од опозицијата за загадувањето.

          За разлика од СДСМ, владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.

Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.

Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.

Градскиот превоз е субвенциониран за сите пензионери, а од 1-ви јануари 2016 субвенциите ќе ги користат и сите студенти од државните факултети.

Со редовните акции за засадување дрва секоја година преку новите садници се зголемува бројот на зеленило во Република Македонија.

На граѓаните им треба сериозен пристап за оваа сериозна тематика која влијае на здравјето на граѓаните, а не партија како СДСМ која никогаш не се грижела за здравјето на граѓаните, а сега манипулира со тези со цел да приграби ситни политички поени.

За 120 дена на 24 април, граѓаните по десетти пат по ред ќе му соопштат на СДСМ што мислат за манипулаторската политика на оваа партија стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.