Еве каде Путин ќе ја прослави Новата година

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе ја прослави Новата година дома со семејството, изјави претставникот на Путин задолжен за медиуми, Дмитриј Песков.

Не откривајќи детали за локацијата на која ќе престојува Путин, Песков додал дека претседателот ќе одмара од државните работи од 31 декември до 5 јануари.

Во Русија новогодишните и божикните празници се слават од 1 до 10 јануари.