петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 29

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ отвори два погони – менувачницата на Вицето и Фабриката на Чаушот

VMRO

Поврзани вести

СДСМ во една година отвори два производствени погони. Едниот е менувачницата на Вицето за перење на криминалните пари на Заев, а вториот е фабриката на Чаушот за фалсификување документи, лични карти, банкарски сметки и слични нарачки кои очигледно директно ги примал од Заев и Спасовски, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ e фатен во криминал. Секогаш кога ќе се случи ова, а јавноста често го гледа, следуваат празни и конофузни соопштенија. Се обидуваат разни теми да го покријат срамот од скандалот со фабриката на афери.

Оттука отвараат и теми во кои евидентно се инфериорни. Темата економија на СДСМ им е рак рана, затоа што токму тие беа на власт кога се спроведе криминалната приватизација со која се затворија 864 фабрики и над 200.000 работници останаа на улица. на душа на СДСМ одат илјадници семејства кои токму тие ги оставија без егизтенсија. Затоа сега во недостиг на економски резултати мораат да лажат и манипулираат.

СДСМ не можат да се помират со фактот дека во Република Македонија невработеноста се намали на рекордно најниско ниво од 25,5% во третиот квартал од 2015, додека во 2006 година изнесуваше 39%, која е постигната благодарение на работата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа СДСМ мора да манипулира со соопштенија во јавноста.

Изминативе 10 години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ отвори над 150.000 нови работни места.

Десетиците инвестиции низ цела Македонија се реалност, кои СДСМ не сака да ги види.

Додуша и СДСМ во една година отвори два производствени погони. Едниот е менувачницата на Вицето за перење на криминалните пари на Заев, а вториот е фабриката на Чаушот за фалсификување документи, лични карти, банкарски сметки и слични нарачки кои очигледно директно ги примал од Заев и Спасовски.

Реновирањето на зградите на Владата на Република Македонија е согласно закон и согласно пропишанитем  процедури. Оваа Влада обезбеди средства и за таа намена бидејќи во време на СДСМ единствено што тогашната Влада обезбеди е отстапување на имот на Министерството за образование за партиското седиште на Бихаќка.

Залудно им е на СДСМ се. Ниту имаат дела, ниту имаат резултати. Единствено што имаат се неуспеси,  фалсификати и скандали  кои јавноста многу добро и виде и слушна.

Најчитани вести