Во Канада ќе пристигнат најмалку 1.800 сириски бегалци до крајот на 2015

Најмалку 1.800 сириски бегалци ќе пристигнат во Канада до крајот на оваа година. Според подаотци на Си-Ти-Ви до 31 декември во градот Монтреал во провинцијата Квебек ќе пристигнат шест воено-транспортни авиони. Во секој од нив ќе има по околу 300 бегалци.

Државата плаќа за само стотина од нив додека за останатите платено е од приватни лица.

Досега во Канада пристигнале околу 2.200 сириски бегалци. Други над 3.600 бегалци добиле документи за патување во Канада, а 19.500 молби се разгледуваат.

Минатата недела властите објавија дека до крајот на годината во Канада може да не пристигнат 10.000 Сиријци иако ја почитуваат обврската до февруари да прифатат во државата 25.000 Сиријци.