Евакуација на цивили и борци од Сирија во Либан

Евакуација на цивили и борци од Сирија во Либан
Евакуација на цивили и борци од Сирија во Либан

Конвој од десетици либански амбулантни возила и автобуси влезе во Сирија за да евакуира цивили и борци од опозицијата од пограничното село Забадани.

Евакуацијата е по претходен договор постигнат со посредство на ОН за прекин на огнот во два сириски региона и за повлекување на цивили и борци – шиити и сунити.

Од селото ќе бидат евакуирани 129 цивили и борци меѓу кои и ранети лица. Тие ќе бидат префрлени во Бејрут и оттаму во Турција. Од сириските села Фуа и Кфарија ќе бидат евакуирани 338 цивили и префрлени во Турција, односно во Либан