Македонски камионџии заглавени на ирачко-турската граница

Семејствата на 20 македонски возачи кои веќе две недели се заглавени на ирачко-турската граница бараат да бидат извлечени од кризната погранична област каде што се водат борби меѓу турските сили и курдските милитанти. Турција од безбедносни причини  ја затвори границата со Ирак во близина на градот Закхо, кој е неофицијална престолнина на регионот населен со Курди.

На граничниот премин Ибрахим Калил во моменов има над 6 илјади камиони кои не можат да го напуштат Ирак и да го продолжат патот преку Турција.

Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт  со македонската амбасада во Анкара и со турската Влада, како и со возачите заглавени на границата и прават напори тие да влезат во Турција.

Областа во близина на преминот е и цел на руските бомбардирања врз  цели на ИСИС.