Погледнете каде утре ќе нема струја…

Дел од корисниците од село Љубош утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 9 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Ристо Шишков“ и „Аминта Трети“ (по старо Димитрије Туцовиќ и Ленинова) во општина Центар, а од 8:30 до 16 часот, корисниците од селата Радуша, Орашје и Дворце, како и дел од корисниците од село Долно Свиларе.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.