Промоција на втората збирка поезија од проектот „Млади поети“

Промоција на втората збирка поезија од проектот „Млади поети“
Промоција на втората збирка поезија од проектот „Млади поети“
Во  Музејот на Македонската борба денска се одржа промоцијата на збирката поезија од проектот Млади поети. Ова е проект на Агенцијата за млади и спорт кој се реализира втора година по ред и е една одлична можност за промовирање на младите поети.
„Посебно задоволство ми претставува што втора година по ред  го реализираме проектот наменет за младите поети, кој има за цел нивните дела да ја видат светлината на денот. Во рамки на програмските определби на Агенцијата за млади и спорт за промовирање на младинското творештво и младинската креативност во делот на пишаниот збор, со реализацијата на овој проект сакаме да ги стимулираме, поттикнеме и поддржиме младите автори да творат и да ја збогатат и онака богатата македонска литературна и творечка ризница. Задоволството е уште поголемо ако се знае дека бројот на пријавени творби е драстично зголемен во однос на минатата година, што укажува  на фактот дека желбата за творење кај младите луѓе се зголемува.”, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.
ams zbirka mia 3
Тој посочи дека за нјадобрите три творби се доделија симболични парични награди, но најголемата награда за сите нив е оваа збирка поезија.
Членовите на комисијата за оценување беа позитивно изненадени како од бројот на творбите, така од квалитетот на творбите, посебно ако се земе старосната граница на младите поети.

Од вкупно 160 пријавени творби, и 97 млади автори жирито во состав Виолета Танчева Златева, Кочо Топузовски и Миле Јовановски – Поречанец, ги објави наградените песни. Песната „Голотијата ослободува” на авторот Никола Илијоски е првонаградената, втората награда ја доби песната „Зборови” на Ана Митричка, додека третата наградена песна е „Преку езерото” на Мануела Златкова.
Збирката поезија ќе биде дистрибуирана преку дневниот печат за време на Божиќните празници, а ќе се достави и до сите основни и средни училишта во државата.