Бекер: Сампрас во најдобрите денови би го “растурил” Федерер

Германецот е сигурен дека Пит Сампрас во своите најдобри години е подобар од Рожер Федерер иако Швајцарецот, статистички, е најдобар тенисер во историјата. Дури, Федерер може да се пофали дека го најави крајот на ерата на Сампрас со неговата победа на Вимблдон кога и покажа на светската тениска јавност со каков квалитет располага.

Најдобриот против кого сум играл е Пит Сампрас. Тој имаше најдобар сервис од сите и поради него престанав да се надевам дека повторно ќе го освојам Вимблдон. Често се зборува кој би победил во меѓусебниот дуел: Сампрас или Федерер. Тие двајцата еднаш играа меѓу себе и победи Федерер, но тогаш Сампрас беше далеку од својот зенит. Во најдобрите денови, мислам дека Федерер не би имал шанси против Сампрас, вели Бекер.

Последните години, Германецот е тренер на Новак Ѓоковиќ кој е убедливо прв на АТП листата.

Србинот сега е во зенитот на својата кариера и е непобедлив за најголемите конкуренти во неговото време.