Кабинет на Спасов: Ременски постојано фабрикува афери

Фросина Ташевска Ременски од самиот почеток на добивањето на функцијата технички министер за труд и социјална политика не ја крие добиената задача, а тоа блокирање на проектите во интерес на граѓаните и измислување и фабрикување афери. Нејзините обвинувања без поткрепа се обична клевета и манипулација.

Ова стои во денешната реакција упатена од Кабинетот на Диме Спасов.

 За месец и половина откако е назначена за функцијата  не покажа интерес за ниту еден проект напротив огромен број на проекти се закочени поради нејзините смислени опструкции. Ременски направи застој на решавање на 230 предмети за помалку од 60 дена кои не ги реши во законскиот рок. Невидено лицемерие и понижување на граѓаните е да обвинува за она што самата го прави а тоа е нерешавање на предметите.
Криејќи се позади бесмислени соопштенија, јавноста сеуште чека одговор од техничката министерка зошто свесено дозволи претседателката на комисијата за труд и социјална политика при СДСМ, Мила Царовска да се претставува лажно како државен службеник и службено лице во министерството. Дополнително во неколку постапки, техничката министерка го прекрши Законот за јавни набавки во обид да ги закочи започнатите проекти со што предизвика незадоволство и гнев кај граѓаните.

Фросина  Ташевска Ременски со денешното поднесување на пријава врши уште едно кривично дело-тоа е лажно пријавување.Техничката министерка ја докажа својата неспособност и единствено кое и преостана е фабрикување афери и извршување партиски наредби за поднесува неосновани пријави, стои во реакцијата.