Македонија

Груевски: Битола ќе има голем бенефит од топлификацијата

Груевски: Битола ќе има голем бенефит од топлификацијата

Премиерот Никола Груевски денеска појасни дека Владата повеќе од две години работи на подготовките за топлификација на Битола.

 

-Конечно тој период на подготвителни работи го завршивме и следува потпишување на договор со Ка Еф банката која што ќе го поддржи овој проект. Така што деновиве треба да дојде до потпишување на договорот, појасни Груевски.

Инаку проектот чини 46,5 милиони евра од кои 39 милиони евра ќе бидат обезбедени преку Ка Еф бака од Германија а 7,5 милиони евра ќе бидат обезбедени од ЕЛЕМ. Проектот ќе се гради од 2-2,5 години.

-Следната фаза е изнаоѓање на консултант кој ќе треба да ја подготви тендерската документација за избор на изведувач, бидејќи се работи за сложен проект. Многу е значајно што проектот ќе донесе многу бенефити: прво ќе се искористи топлинската енергија која и онака  се произведува во ЕЛЕМ за греење во домовите на граѓаните во Битола и околните места,  со тоа ќе дојде до намалување на загадувањето во градот и регионот, подвлече премиерот.

Една од придобивките е тоа што ќе може и земјоделците од Битола, Могила, Новаци  да го користат ова греење по мошне поволни цени и услови.

-Станува збор за многу значаен проект, кој што го имаме ветено во изборна програма,а сега влегуваме во фаза каде деновиве се потпишува договор  и се почнува со наоѓање на консултант кој ќе ја подготви тендерската документација и да се најде изведувач, заклучи Груевски.

Се очекува околу втората половина од 2016 година да започне постапката за пронаоѓање изведувач и до крајот на 2016 година да започне и изведбата.