Трибина на УМС во Струга – младите предложија голем број на идеи

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа трибина во Струга. Оваа трибина е дел од караванот на трибини кои ги организира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со цел собирање на предлози и идеи од младите кои би влегле во досега најдобро подготвената програма на ВМРО-ДПМНЕ.

На трибината одржана во Хотел Дрим, која масовно беше посетена од младите во Струга, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на градскиот комитет на УМС, Лука Кржалоски се осврна на досега реализираните проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на средното образование, студирањето и проектите кои се од значење за младите, вклучувајќи ја и најновата мерка “Купи куќа за млади”.

ums-struga-640x384

На трибината говореа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и советникот во кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, Симона Јандревска. Директорот на Агенцијата за млади и спорт ги истакна придобивките и можностите за младите лица кои се реализираат преку Агенцијата за млади и спорт и ги потенцира инфраструктурните објкети во областа на спортот кои се од значење за младите. Симона Јандревска подетално ги образложи придобивките и можностите на младите за нивниот напредок во образовниот процес и го потенцираше значењето на образованието за младите.

На трибината одржана во Хотел Дрим во Струга, од младите кои присуствуаа беа дадени преку 20 идеи кои можат станат дел од новата предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ.