Заев, Верушевски или Јанева – кој го нарача новиот фалсификат од „Фабриката за афери“ на СДСМ?

Зоран Верушевски, кој е првоосомничен во случајот „Пуч“, не е пуштен на слобода и се уште е во притвор, иако порталите на СОРОС и СДСМ вечерва се обидоа да фалсификуваат судска одлука.

Од Основниот суд Скопје 1 – Скопје вечерва реагираа на информацијата дека Верушевски е пуштен на слобода, а судијата кој ја донел одлуката по казна бил прераспределен. Во демантот објавен на официјалниот сајт, ваквите тврдења се оценуваат како неточни и шпекулативни.

Во демантот се вели дека одлука за наведениот предмет се уште не е донесена, а одлуката за прераспределба е направена со годишен распоред за работа на судиите во судот за 2016. година уште минатата недела.

-Одлуката за прераспределба на судијата е направена со годишен распоред за работа на судиите во судот за 2016 година уште минатата недела, а одлуката по наведениот предмет се уште не е донесена, односно како што веќе објавивме во текот на вчерашниот ден, Кривичниот совет имаше доставено дополнително барање до Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за докомплетирање на документацијата пред донесување на конечната одлука, реагираше Основниот суд Скопје.

Со бидот да фалсификуваат судска одлука, опозициските медиуми вечерва извршија срамен директен притисок врз судиите кои работат на предметот, скандал кој е без преседан во македонското судство, пишува Курир.

Најголем интерес за ослободувањето на Верушевски од притвор, освен него самиот и обвинетиот Зоран Заев, покажа и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која одлучи да испрати вакво барање до судот. Оттаму се наметнува и прашањето кој од овие тројца го нарачал последниот срамен фалсификат од „Фабриката за афери“ на СДСМ?

Изостанувањето на демант од страна на Верушевски можеби е разбирливо, како и молкот на Заев кој премногу често е фатен во лага. Сепак, невидена бламажа е што ваквата фрапантна дезинформација не беше демантирана од Катица Јанева, која има обврска да не игра по партиските директиви на Заев и точно и вистинито да ја информира јавноста, бидејќи во спротивно подлежи на кривична одговорност.