Невреме приземји авион во САД

Снег и град го отежнаа авионски сообраќај ширум САД во еден од најпрометните викенди откако во бури загинаа 44 луѓе за време на божиќните празници.

– Околу 2.900 летови с еоткажани, а 4.800 се одложени до синоќа до 23 часот, соопшти службата за следење на летовите Флајт Авер.

Најлоша е ситуацијата на аеродромите во Чикаго каде стотици летови се откажани откако градот беше зафатен од смрзнат дожд.

Повеќе од 30 сaнтиметри снег се очекува на југозапад во Висконсин како и на југоисток во Минесота, а снег веќе падна во Ајова, во Небраска и во Мисури.

– Бурата донесе снег од 104 сантиметри во делови од Ново Мексико и 25 сантиметри дожд во делови од Арканзас, Муисури, Оклахома и Тексас, соопшти Метеоролошката служба.