МЗТ Скопје со несреќен пораз на домашен терен

Кошаркарите на МЗТ успеаја да се вратат од двоцифрена негатива и во самиот финиш го контролираа резултатот, но потклекнаа во клучните моменти, промашија пет слободни фрлања во последната минута, па на крајот загубија со тројка на неполни три секунди до крајот.

Урош Луковиќ ја имаше главната улога на паркетот за домашиот состав. Натпреварот го заврши со 17 поени и 7 скокови.

Мијатовиќ, Марко Луковиќ и Дреновац имаа двоцифрен ефект. Мијатовиќ постигна 16 поени, Марко Луковиќ 14, Дреновац 13.

За гостинската екипа, Савовиќ имаше одлично деби со 24 поени, Каба и Николиќ уфрлија по 10.