Годинава 144 лица го загубиле животот во сообраќајки

Во 2015 година, 144 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, додека во 2014 година бројката е 130. Сепак, ако во просек во Македонија  од 160 – 170 лица годишно го губат живото во сообраќајки,  може да се констатира дека во последните две години постои одреден напредок.

Тоа не значи дека  овие бројки ги оценуваме како добри туку напротив наша цел е до 2020  година бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди  да се намали под 100  што воедно е европски просек гледан низ призмата на Македонија. Во тој поглед важно е да се истакне дека Република Македонија има  помалку заагинати лица во сообраќајни незгоди  на 100.000 жители од  сите земји во нашето окружуваање со исклучок на Словенија”, изјавуваат од РСБСП.

Според анализите на РСБСП, најзагрозена група на учесници во сообраќајот се пешаците. Во 2015 година 43 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Исто така,  во пораст е и бројот на загинати деца во сообраќајни незгоди. Податоците покажуваат дека во 2015 година,  9 деца на возраст до 4 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 13 деца на возраст од 5 до 18 години.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во пресрет на претстојните празници, апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Посебно апелира до младите да ги почитуваат правилата и прописите кои се однесуваат на неуправување на моторно возило под дејство на алкохол и  почитување на правилата за ограничување на брзината.
Статистичките податоци покажуваат дека брзото возење и алкохолот се доминантна причина за сообраќајни незгоди со фатални последици во кои учесници се токму младите.

“Затоа уште еднаш апелираме на совесно учество во сообраќајот. Да не дозволиме момент на невнимание, момент на непромисленост, момент на деконцентрација или еуфорија да предизвикаат последици за кои ќе се каеме целиот свој живот.  Да не дозволиме овие прекрасни новогодишни празници да се претворат во нечија семејна трагедија. Исто така апелираме до оние кои немаат вистинска потреба за време на новогодишните  прослави да не го користат сопственото возило. До  оние пак кој се одлучиле да патуваат на подалечна дестинација апелираме задолжително да користат зимска опрема, да ја проверат техничката исправност на возилото и особено да внимаваат на мостови, надвозници, подвозници, пред влез и излез на тунел, остри кривини и останати осојни места поради веројатноста од појава на голомразица која значително може да  го загрози безбедното одвивање на сообраќајот. Оние кои патуваат во планински предели и низ клисурите треба особено да внимаваат на опасноста од појава на одрони на патиштата” истакна секретарот на РСБСП, Ристо Манчев.

2

3

4

 6

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.