Нечовечки потег на дел од навивачите на Галатасарај

Кошаркарите на Црвена Звезда утре ќе му гостуваат на Анадолу Ефес во рамките на фазата Топ 16 во Евролигата, а навивачите на Галатасарај направија неумесна најава за натпреварот.

Фотографија на која навивачи на Галатасарај држат транспарент на кој пишува „Марко не умре, Марко живее во пекол“ беше објавена на страницата „Ultras Lifestyle“ алудирајќи на навивачот на Црвена Звезда, Марко Ивковиќ кој беше прободен со нож минатата година на натпреварот помеѓу двата кошаркарски гигантим и го загуби својот живот.