сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Љубисав Иванов за „Вечер“: Бомбите на Заев го уриваа системот и државата, а не ВМРО-ДПМНЕ

Сите ние сме сведоци на една долго организирана операција на девалвирање на изборните резултати и на демократските капацитети на нашата држава, преку разни невладини организации, преку извештаите на ОБСЕ, преку јавни настапи на домашни и странски политичари и таканаречени експерти се креираше слика и приказна за недостаток на Европските вредности во Македонија.

Љубисав Иванов за „Вечер“: Бомбите на Заев го уриваа системот и државата, а не ВМРО-ДПМНЕ

Љубисав Иванов за „Вечер“: Бомбите на Заев го уриваа системот и државата, а не ВМРО-ДПМНЕ

Последни вести

За прислушувањето, бомбите на опозицијата, политичката криза и начините за нејзино решавање, минатото и иднината, што не чека во 2016 година, Вечер разговараше со лидерот на социјалистите Љубисав Иванов Ѕинго, политичарот со 60 години искуство во политиката.

Иванов вие сте политички активен повеќе од 50 години, дваесетина години сте претседател на Социјалистичката партија на Македонија, истовремено сте успешен стопанственик, од овие позиции како ја оценувате изминатата 2015 година?

-Македонија ја заврши една од најтешките и најбурни години од осамостојувањето, година на големи политички потреси, година на изместени вредносни критериуми и година што несмее да се повтори. 2015 ќе остане запаметена по обидот за вонинституционално превземање на власта преку недемократски методи во име на Слобода и Демократија, но истовремено ќе биде запаметена и по мудроста, смиреноста и патриотизмот на Македонскиот народ, ќе биде запаметена и по прогресот, економските резултати, вработувањата и бегалската криза. Со еден збор многу турбулентна, политички нестабилна, но економски успешна година.

Велите дека годината која завршува ја одбележал обидот за вонинституционално превземање на власта, на кого точно мислите, и кој мислите дека стои позади еден ваков обид?

Ljubisav-Ivanov-Dzingo

− Сите ние сме сведоци на една долго организирана операција на девалвирање на изборните резултати и на демократските капацитети на нашата држава, преку разни невладини организации, преку извештаите на ОБСЕ, преку јавни настапи на домашни и странски политичари и таканаречени експерти се креираше слика и приказна за недостаток на Европските вредности во Македонија. Оваа добро осмислена стратегија започна да се реализира во 2011 година, продолжи 2013 и 2014, за да ескалира во годината која е зад нас, ескалираше на начин и со методи кој се незапамтени во демократските земји во Европа, преку укинување на основните права на граѓанинот, право на приватен живот, заштита на личните податоци, обиди за наметнување на цензура на медиумите, напади на новинари и медиуми итн. На вашето прашање кој стои зад ова неможам да дадам точен одговор, но секако дека стојат структури надвор од нашата држава кои во Македонија најдоа извршители и сојузници за реализација на своите планови.

Објавувањето на бомбите има три димензии.Првата е дека една група на луѓе, поттикната од материјална корист се организирала, го пробила безбедносниот протокол во МВР и за нарачателот со години снимала и му испорачувала снимени разговори од политичари, стопанственици, новинари, студенти, професори и други профили на граѓани, за да во еден момент нарачателот им ги предаде овие снимки на СДСМ поточно на нивниот лидер Заев. Оваа работа во меѓувреме беше откриена, дел од учесниците го признаа делото и во тек е судски процес кој се води против останатите учесници во овие незаконски дејанија.

Втората димензија од овие бомби е дека тие беа бесправно, незаконски емитувани, пред очите на целата Македонска јавност, во име на демократијата и борбата против корупција, а всушност нарушувајќи ги основните демократски права на стотици граѓани кој биле снимани на незаконски начин.

И третата димензија на овие бомби е нивната злоупотреба во политички цели преку креирање на негативна енергија во општеството, преку создавање на незадоволство и бес кај граѓаните да дојде до ескалација на состојбите во државата и насилно превземање на власта.

Велите дека ова е добро осмислена и реализирана операција, што мислите дали оваа однапред планирано сценарио ги постигна зацртаните цели?

− На оваа прашање ќе одговорам и да и не. Од една страна ги постигна целите, бидејќи Македонија беше девалвирана како држава пред светската јавност, во Македонија се донесоа закони набрзина прикрпени, без јавна дебата, во договор на четири партии и во најголем дел противуставни. Се измислија институции кои делуваат надвор од системот како Специјалното јавно обвинителство, се ревидираа институции како ДИК, на чија што работа никој немаше забелешки, се внесоа министри во Владата кои се целосно непродуктивни, со еден збор почна да се руши правниот поредок на државата, почна да се девалвираат инстуциите и се загрози уставот и основните начела на владеењето на демократијата во Македонија. Во овој дел нарачателот и организаторот на оваа политичка криза успеа да ги реализира делумно своите цели. Од друга страна нивниот план не се реализира во целост бидејќи Македонскиот народ, и останатите етнички заедници во Македонија ја прочитаа оваа валкана игра, не дозволија да бидат заведени и да бидат дел од едно вакво сценарио, Македонскиот народ е мудар народ, и со своето однесување не дозволи ескалација на состојбите и целосна реализација на зацртаниот план.

Целото интервју прочитајте го на овој линк

Најчитани вести