сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 33

Ловџии печеле колбаси, па предизвикале пожар во Тиквешко

Пожарот избувнал во високостеблеста букова шума. Зафатил поголема површина од околу 10 хектари.

пожар

Последни вести

Ловџии повторно како и пред неколку дена, предизвикале пожар во Тиквешко, откако не го изгаснале добро огинот на кој печеле колбаси, пренесе МИА.

Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата на Македонски шуми во Кавадарци потврди дека несовесни ловџии повторно предизвикале пожар.

​- Се сомневаме во ловџии бидејќи во ова време на годината тие најмногу може да се сретнат во делот каде што е настанат пожарот. Се работи за месноста Галишки ливади, меѓу селата Ќесендре и Галиште, рече тој.

Според него, огромен чад бил забележан уште во неделата попладне околу 13.30 часот. Екипа  од 15 луѓе на подружницата вчера ги гаснела пламените јазици до 17 часот попладне кога пожарот бил локализиран, но сепак и денес работниците биле на терен за да извршат увид во состојбата на терен.

​- Пожарот избувнал во високостеблеста букова шума. Зафатил поголема површина од околу 10 хектари. За среќа изгоре само горниот дел од веќе паднатите лисја во шумата. Сепак направена е материјална штета во работењето на претпријатието бидејќи при гаснењето се неопходни финансиски средства за движење на возила и за дневници на работниците кои работат на гаснењето на пожарот, изјави Ристовски.  

Најчитани вести