НБА: Леброн со победа си го прослави роденденот, Хорфорд ги “реши” Рокетси

Леброн Џејмс со 34 поени го предводеше Кливленд до победа од 93:87 на гостувањето против Денвер, во чии редови се истакна и Никола Јокиќ со 10 поени и 7 скока.

Кевин Дурант и Расел Вестбрук, пак, заедно постигнаа 53 поени, што беше доволно за победа на Оклахома над Милвоки од 131:123.

Исклучително возбудлив и ефикасен дуел беше одигран и во Хјустон, каде домашните немаа решение за Ал Хорфорд кој постигна 30 поени, дополнети и со 14 скока, за триумф на Атланта од 121:115.

Во преостанатите два дуели изминатава ноќ, Њујорк во својот “Медисон Сквер Гарден” славеше против Детроит со 108:96, со 24 поени на Кармело Ентони, додека Мемфис славеше против Мајами со 99:90 во продолжението, благодарение и на 23 поени и 8 скока на Марк Гасол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.