среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Химки со минимална победа во руското дерби

Кошаркарите на Химки, Олимпијакос и Уникаха ги забележаа првите победи во Топ 16 фазата од кошаркарската Евролига.

himki

Поврзани вести

Химки ја совлада ЦСКА Москва пред своите гледачи со 91:89 во руското дерби од првото коло во Топ 16 фазата.

Избраниците на Римас Куртинаитис во поголемиот дел од средбата имаа негатива, но на крајот на третиот период и поечетокот на четвртиот направија комплетен пресврт.

Московјаните се вратија, а во драматичната завршница победа на домаќините им донесе Алексеј Швед со поените на секунда пред крајот на натпреварот, а Теодосиќ на спротивната страна не успеа од невозможна позиција да донесе продолжение.

Швед доминираше со 28 поени, а Рајс имаше 22. На спротивната страна Де Коло реализираше 20 поени.

Избраниците на Октај Махмути загубија на гостувањето кај Уникаха во Малага со 70:62. Дарушафака предводена од Семих Ерден водеше во поголемиот дел од првото полувреме, но Уникаха кон крајот на третиот успеа да го скрши отпорот на противникот. Едвин Џексон беше најдобар со 20 поени, Хендрикс додаде 13, а кај гостите најзабележителен беше Семих Ерден со 15 поени.

Евролига, резултати:

Химки – ЦСКА Москва 91:89
Олимпијакос – Барселона 74:62
Уникаха – Дарушафака 70:62

Најчитани вести