петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 25

Дамир Којашевиќ го засили Вардар

ФК Вардар денеска го официјализираше договорот со првиот фудбалер кој доаѓа како прво засилување за пролетниот дел од сезоната. Црногорскиот интернационалец Дамир Којашевиќ, според договорените услови во наредните две и пол години ќе го црвено-црниот дрес.

kojasevic

Поврзани вести

Да бидам искрен не очекував дека моите први впечатоци ќе бидат вака позитивни, но во секој случај, драго ми е што имав прилика лично да се уверувам во суперлативите, со кои што сите ми говореа за Вардар. Задоволен сум што во наредните две ипол години ќе имам прилика да ги бранам боите на клубот и воедно им благодарам на луѓето од раководните структури, за максимално професионалниот и коректен однос. Се надевам дека со моите игри во пролетниот дел ќе ги оправдам очекувањата и ќе го дадам својот личен придонес во борбата за одбрана на шампионската титула, вели Којашевиќ во изјавата за официјалната интернет страница на клубот.

28-годишниот офанзивец, во есенската полусезона постигна седум погодоци на 14 одиграни средби за тимот на Младост од Подгорица, во црногорското првенство.

Во својата професионална кариера, досега настапувал и за екипите на Будуќност и Зета (Црна Гора), Сараево (БИХ), Горник Лечна и Јагиелониа (Полска), Астана (Казакстан), како и за тимот на Локомотив од Ташекнт (Узбекистан).

Најчитани вести