Две лица уапсени за тероризам во Анкара

Две лица се приведени денеска во Анкара под сомнение дека планирле терористички напади за време на новогодишната ноќ.

Наводно, приведените се членови на Исламска држава и се турски жители.

Лицата се приведени во Анкара во акција на Одделот за борба со тероризам и разузнавањето, извршена изутрината по локално време.

Уапсените планирале терористички напади на новогодишната ноќ во реонот на Казалај во центарот на Анкара.