Заев и’ ги предаде материјалите на Јанева

Заев и' ги предаде материјалите на Јанева
Заев и' ги предаде материјалите на Јанева

СДСМ и ги предаде прислушуваните материјали на Специјалната обвинителка, Катица Јанева. Лично се уверил, рече Заев дека материјалите ќе се чуваат во сефови со технолошки стандарди и порача дека илјадници разговори на граѓаните се предадени во независна институција.

„Го завршивме нашиот дел од обврската од договорот од Пржино и материјалите од прислушуваните разговори коишто ги поседувавме како опозиција, се предадени на Специјалното јано обвинителство. Претстои обемна работа за Специјалното јавно обвинителство. Оставивме материјал којшто, дефинитивно гарантира многу работа на Специјалното јавно обвинителство“, изјави лидерот на партијата, Зоран Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.