Со грејпфрут против рак на белите дробови и на дебелото црево

Јадете грејпфрут и превентивно спречете го ракот
Јадете грејпфрут и превентивно спречете го ракот

Националната американска организација на хемирчари препорачува сок од грејпфрут како обврзен дел од појадокот бидејќи ова овошје е одлично превентивно сретство против карциномот на белите дробови и дебелото црево.

Грејпфрутот е тропска билка од семејството на агруми, а неговата лековитост ја познавале Абориџините од Австралија кои го користеле како универзален лек.

Грејпфрутот е богат извор на витамин Ц (половина од плодот содржи повеќе од половина од препорачаната дневна доза) и содржи пектин кој го намалува нивото на холестерол во крвта.

Жолтиот грејпфрут има помала концентрација на витамин Ц отколку розовиот и црвениот кои штитат од рак бидејќи содржат флаваноиди – неутрализатори на супстанциите кои поттикнуваат развој на малигни ќелии.

Националната американска организација на хемичари препорачува сок од грејпфрут како обврзен дел од појадокот бидејќи ова овошје е одлично превентивно сретство против карцином на белите дробови и дебелото црево.

Новите сознанија за грејпфрутот потврдуваат дека овој плод е особено ефикасен во борбата против вирусите и бактериите, па се препорачува при терапија на грип и настинка. Екстрактот од семки од грејпфрут пак е моќно сретство против околу 800 видови на бактерии и околу 100 вида на габи.

Од цветот од грејпфрут дрвото се подготвува есенција која ја лечи несоницата, но и тегобите кои се предизвикани поради болести на желудникот и срцето, додека екстрактот од листот има против-воспалително дејство.

Сокот е богат со биофлавоноиди кои го подобруваат метаболизмот и го поттикнуваат процесот на слабеење, а благотворно делуваат и на функциите на црниот дроб и ги зајакнуваат артериите.

Сокот од црвениот грејпфрут содржи ликопен и каротеноиди кои имаат антиревматско дејство и ги ублажуваат тегобите кои ги следи остеоартритисот и ревматскиот артритис, но делуваат и на рамнотежата на хематокритот во крвта.

Грејпфрутот ги чисти цревата и ја стабилизира цревната флора а благодарение на посебната состојка нарингин, која на овој плод му дава и малку горчелив вкус, го забрзува и процесот на варење. Тој е исто така добар извор и на пантотенска киселина (витамин Б5) која има клучна улога во производството на клеточна енергија.

Студијата на германските научници укажува на тоа дека консумирањето на грејпфрут помага и во борбата против болестите на забното месо. Истражувањата покажаа дека само два плода дневно го намалуваат ризикот за крварење на непцата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.