понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 51

Од полноќ стапува забраната за емитување на македонска и екс-ју музика

Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) до електронските медиуми веќе испрати известување дека доколку вечерва по полноќ продолжат да пуштаат македонска и музика од Балканот, кривично ќе одговараат објави.

Од полноќ стапува забраната за емитување на македонска и екс-ју музика

Од полноќ стапува забраната за емитување на македонска и екс-ју музика

Последни вести

Од полноќ стапува на сила забраната за пуштање на македонска, српска и хрватска музика на македонските електронски медиуми. Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) до електронските медиуми веќе испрати известување дека доколку вечерва по полноќ продолжат да пуштаат македонска и музика од Балканот, кривично ќе одговараат објави.

– Испратено е отворено писмо потпишано од претседателот на Собранието на ЗАМП. Забраната која беше најавувана изминатиот период е ставена во сила од вечерва на полноќ. Доколку бидат повлечени штетните одредби од Законот подготвени сме да ја укинеме забраната, а воедно и да продолжиме да ги штитиме правата на своите 5.766 штитеници, како и правата на авторските друштва од регионот СОКОЈ и ХДС ЗАМП и на 98 земји од светот со повеќе од пет милиони автори – велат од ЗАМП.

Од друга страна, Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ и Здружението за заштита на авторски музички права СОКОМ-МАП најостро ја осудува одлуката за забрана на емитување на музички дела од македонски автори  издадена од Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП.

Ја почитуваме одлуката на авторите кои индивидуално дале забрана за емитување на сопствените дела што е нивно легитимно право, но никој не може и не смее да даде забрана на делата на автори кои не се согласиле на истата со соодветна согласност и дадено полномошно, дотолку повеке што голем дел од авторите не се членови на ЗАМП. Бараме ЗАМП веднаш да ја повлече забраната и јавно да се извини за ваквото незаконско однесување како и да ја преземе одговорноста за евентуално настаната материјална и морална штета . Воедно апелираме до медиумите да не ја почитуваат забраната, а надлежните институции итно да реагираат кон ваквата злоупотреби на авторските дела и нивните права. Со цел да ги заштитиме нашите материјални и морални права, доколку ЗАМП не постапи по нашето барање во рок од 7 дена, авторите ќе ги преземат сите неопходни правни дејствија согласно законските прописи кон ЗАМП и кон оние кои индивидуално учествувале во донесувањето на ваквата скандалозна одлука, посочуваат од Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ и Здружението за заштита на авторски музички права СОКОМ-МАП.

 

Поддршка на ЗАМП му дадоа и Здруженијата за заштита на авторски права од Србија и од Хрватска, што значи дека покрај македонска музика од вечерва на полноќ повеќе нема да се слуша ниту српска ниту хрватска музика.

Спорно во Законот е што досега електронските медиуми на име авторски права уплаќаа процент од приходот, согласно форматите добиени од Агенција за аудио и визуелни услуги. По измените од август износот е ограничен во плати и тоа 18 просечни плати на државно ниво, 12 просечни плати на регионално и на локално шест плати. На пример, Македонската радио телевизија која има шест канали со измените треба да плаќа 360.000 денари, а досега износот се движел меѓу пет и девет милиони денари. Тоа за авторите е поразително и нема да попуштат во своите барања.

 

Најчитани вести